Сите третмани
Погледнете ги нашите третмани
- Сите
- O.P.I СПА МАНИКИР И ПЕДИКИР
- Депилација
- ЕКСКЛУЗИВНИ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ
- СПА ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО
- ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ
Класичниот Бабор третман е едночасовен третман кој вклучува длабинско чистење, ексфолијација, екстракција на митесери и масажа на лице која ја подобрува циркулацијата и прави лимфна дренажа. Третманот завршува со маска и завршна крема прилагодена за клиентот. По третманот кожата на лицето ќе ви биде освежена, блескава и со младешки изглед.
Препорачано за: Сува и дехидрирана кожа која е под стрес и на која и е потребна заштита.
Придобивки: Длабински хидрира и ја урамнотежува влажноста на кожата, со што добивате помазно, поздраво и поеластично лице, без никакво чувство на затегнатост и осетливост. Кој не би го посакал тоа?
Препорачано за: Сува кожа која е осетлива на надворешни влијанија и има недостаток на липиди.
Придобивки: Витамински длабоко ја потхранува и смирува кожата, ја равитализира и ја одржува здрава, мека, еластична и видливо посвежа.
Препорачано за: Проблематично акнозна и нечиста кожа.
Придобивки: Овозможува длабоко и темелно антибактериско чистење на лицето. Третманот го негува лицето и го смирува воспалението и црвенилото на кожата. Доколку редовно го практикувате, можете да имате лице со чист и здрав изглед.
Препорачано за: Сува, дехидрирана и уморна кожа без сјај.
Придобивки: Интензивна ревитализација со помош на чист кислород. Го активира клеточното дишење и ви нуди заштита од слободните радикали. Ја оживува уморната кожа и му дава сјај на лицето.
Препорачано за: Воспалена, иритирана, чувствителна и непријатно затегната кожа. Овие симптоми можат да се јават поради различни фактори како што се надворешни влијанија, розацеа, ласерски третмани или природна наклонетост.
Придобивки: Го смирува црвенилото и ја зајакнува одбранбената моќ на кожата. Со тоа лицето станува посмирено и поотпорно на негативни влијанија.
Препорачано за: Кожа која е под моментална иритација и стрес од надворешни влијанија.
Придобивки: Стоп-стрес третманот ќе ви помогне да ја вратите природната рамнотежа и сјајот на вашата кожа. Ќе ви го намали црвенилото и ќе ви ја потхрани и смири кожата. Вашето лице ќе биде почисто, посвежо и поздраво.
Препорачано за: Зрела и уморна кожа на која и е потребно регенерација, потхранување и затегнување.
Придобивки: Брз, ефективен и сигурен третман кој ги минимизира разните видови брчки, бори и линии. Лицето за краток период станува видливо подмладено, поеластично, поздраво и со поголем сјај и свежина.
Препорачано за: Нетретирана кожа на која се појавени мимични брчки или старосни линии, поради неадвекатна нега и опуштеност на тонусот.
Придобивки: Третманот против мимички брчки ја освежува, подмладува, затегнува и измазнува кожата и го спречува формирањето на нови брчки.
Препорачано за: Зрела кожа на која и е неопходно брза и ефективна регенерација. Лице кое ја има изгубено влажноста, еластичноста, свежината и цврстината.
Придобивки: Tретман кој ја подмладува вашата кожа и ја спречува појавата на нови брчки
Препорачано за: Многу сува кожа со недоволно цврст тонус.
Придобивки: Го стимулира природното создавање на колаген и еластин во кожата, со што веднаш се подобрува тонусот, еластичноста и цврстината на кожата на лицето.
Препорачано за: Кожа со мимични и старосни брчки, старосни линии, несоодветна пигментација, затворени пори, мали лузни или оштетувања од сонцето или од други надворешни влијанија.
Придобивки: Микродермоабразијата ги отстранува зрелите и умртвени површински слоеви на кожата и го стимулира производството на колаген што доведува до подмладување. Клиентите забележуваат огромни подобрувања во тонот, текстурата и бојата на третираните области по само еден третман.
Специјализиран третман против стареење, дизајниран да ги смири преморените очи, да ги намали отоците и да ја зајакне контурата на окото и заштити од идни оштетувања. Третманот вклучува лимфна дренажа и посебни техники на масирање за намалување на подочници (темни кругови), ублажување на брчките околу очите и отстранување на отоците.
(чистење, пилинг, ампула (со галваник), маска, масажа, крема)
Третман за подмладување, измазнување и затегнување на вратот и деколтето. Oвозможува одлични резултати, ги редуцира старосните линии, ја омекнува текстурата на кожата и ви го враќа свежиот и блескав изглед.
Уникатна, природна терапија која му дава на лицето сјај и му го враќа природниот тон. Масажата на лице ги намалува нечистотиите и токсините во кожата, ја зголемува циркулацијата и помага да се опуштите.
0% ИНКЕКЦИИ 100% ЛИФТИНГ
Високо концентрираните производи на Lifting Cellular со прецизно комбинирани активни состојки нудат совршени решенија за заштита на кожа со јасни знаци на стареење. Третманот д-р БАБОР ја зацврстува кожата одвнатре, ги имазнува брчките, ја забрзува регенерацијата на кожата и обновата на клетките и обезбедува влажност, виталност и заштита на кожата. Уште по првиот третман, кожата е видливо поцврста, мазна и подмладена – и сѐ тоа се постигнува без хирушки зафат.
БАБОР е светски лидер во развивањето на иновативни начини за третирање на кожата. HSR® de luxe е развиен користејќи ексклузивни активни состојки и откритија кои се наградени со Нобелова награда. HSR® de luxe е темелен третман за затегнување кој го продолжува животниот век на ДНК-та на кожата и го успорува процесот на стареење што се постигнува со спречување на гликацијата на колагенот и еластинот. HSR® de luxe ви овозможува целосно да се ослободите од старосните линии и мимичните брчки.
Инспирирани од најновите достигнувања во полето на стареење на кожата, центарот за истражување и иновации на БАБОР разви нова револуционерна иновација за нега на кожата: колекцијата против стареење ReVersive, со ултра-ефикасен RE-YOUTH COMPLEX.
ReVersive е уникатен, затоа што содржи формула со четири активни состојки што се заемно во совршена синергија. Дизајниран како комплетен систем против стареење, ReVersive го враќа младешкиот сјај и ви ја прави кожата поцврста и помазна.
Како делува: Анти-стрес масажата делува на деловите од телото кои се најпогодени од стрес – грб и врат, глава и рамења, како и стопала и дланки. Третманот ќе ве релаксира и ќе ви ги опушти мускулите, а ќе ви помогне и да се ослободите од болката.
Наменето за / придобивки: Масажата делува позитивно врз менталното здравје на човекот и го ослободува нервниот систем од насобраниот стрес. Го смирува умот и телото и ја зголемува концентрацијата. Се препорачува за луѓе кои имаат стресна и напорна работа или се чуствуваат физички и психички истоштени.
Како делува: Целта на оваа масажа е да се одвојат мускулните влакна за да се ослободат од токсините и млечната киселина како и да се подобри протокот на крв и кислород до мускулите. Можете да очекувате подобрување на мускулната флексибилност, вашата кондиција и издржливост кога станува збор за некој спорт, како и намалување и регулирање на пулсот.
Наменето за / придобивки: Луѓе со различни физички проблеми, спортски повреди или хронични болки. Бидејќи преку масажата се навлегува длабински во ткивото, можете да очекувате подобрување и на емоционалната состојба и ослободување од насобраниот стрес.
Како делува: Шведската масажа помага при исфрлање на сите отрови од телото, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги опушта мускулите, го подобрува изгледот на кожата и ви овозможува поголема флексибилност.
Наменето за / придобивки: Одберете ја Шветската масажа за да си ги намалите болките, да ги опуштите мускулите, да си ја подобрите концентрацијата, циркулацијата и лимфната дренажа и да се ослободите од секојдневниот стрес.
Како делува: Масажата со врели камења овозможува длабока мускулна релаксација преку правилното поставување на загреаните камења. Поставувањето на камењата по меридијаните помага да се ослободите од енергетските блокади. Доаѓа до подобрување на циркулацијата и убрзување на метаболизмот.
Наменето за / придобивки: Масажата со врели камења е безбеден начин да се ослободите од напнатоста и да си го подобрите здравјето. Оваа масажа ви помага полесно да се ослободите од многубројни тешкотии: напнатост, болки и спазми во мускулите, артритис, фибромијалгичен синдром (ФМС), синдром на карпален тунел (СКТ) и многу други. Масажата со топли камења ги отвора и балансира енергетските центри, а со тоа ги отстранува блокадите во астралното тело.
Како делува: Оваа масажа е тесно поврзана со акупресуратa. При процесот на масирање фокусот е насочен кон меридијаните и енергетските точки кои ефективно ја транспортираат и водат крвта и “чи” енергијата низ целото тело.
Наменето за / придобивки: Масажата ви овозможува да се заштитите од разни болки и болести, како артритис, синдром на нервозни црева, предменструални болки, стрес, како и главоболки, болки во грбот, рамењата и вратот, несоница и емотивни проблеми.
Како делува: Релаксирачка масажа во која се комбинираат природни ароматични есенции добиени од цветови и плодови на голем број растенија кои делуваат преку кожата или преку респираторните органи.
Наменето за / придобивки: Оваа лесна ритмична масажа ќе ви помогне да се опуштите и ослободите од секојдневниот стрес. Ќе си ја вратите природната хармонија на духот и телото, ќе си го подобрите спиењето и ќе имате многу повеќе енергија да се справите со секојдневните обврски. Етеричните масла придонесуваат за дополнително освежување, намалување на главоболки, анксиозност и депресија, забрзување на метаболизмот, зајакнување на имунитетот како и подобрување на циркулацијата.
Како делува: Масажата за трудници е посебен третман прилагоден на потребите на секоја трудница, ако се земат предвид промените низ кои поминува телото во текот на бременоста. Овие промени придонесуваат до пореметување на гравитациониот центар на телото, што доведува до дополителен стрес и болки во грбот, вратот, стомачните мускули и рамењата, а го менува и држење на телото и ја бутка карлицата нанапред.
Наменето за / придобивки: Масажата ја подобрува циркулацијата, функцијата на мускулите и телесниот тонус. Ослободува од ментален и физички умор, помага при третирање на предпородилна депресија, го намалува стресот, болките и отоците во нозете и го намалува ризикот од предвремено породување.
Како делува: Со спортската масажа се навлегува длабински во ткивото за да се одвојат мускулните влакна и да се ослободат од токсините и млечната киселина.
Наменето за / придобивки: Масажата е наменета за опуштање на телото по физичка активност и подобрување на мобилноста на оштетениот дел на мускулот, со што побрзо доаѓа до регенерација. Доколку се практикува редовно, спортската масажа може да ви ја зголеми издржливоста, кондицијата и перформансите и да ви го подолжи векот на спортската кариера. Масажата има и многубројни физички ефекти како поголема пропустливост на ткивата, подобрување на циркулацијата во помалите крвни садови, намалување на мускулната тензија, отоците и лузните и придвижување на мускулните влакна.
Бабор Пилинг на тело + БАБОР масажа
Окси Спа/ Хидро капсула + БАБОР масажа
БАБОР пилинг за тело + Хидро капсула + БАБОР масажа
Окси Спа капсула + ANESI анти-целулитна масажа (х3 ефикасна)
Thalgo врапинг со алги + Окси Спа капсула + ANESI анти-целулитна масажа (30 мин.)
ANESI Lipoaminocel + ANESI Aminofirm + активен серум на Anesi
Пилинг + туширање
Alpha OXY SPA e наменета е за сеопфатна реконструкција на телото, козметичка корекција, а и за пријатна рекреација. Идеална е во комбинација со повеќето спа третмани. Ексклузивните методи придонесуваат брз продор на кислород во подлабоките слоеви на кожата, лимфниот и циркулаторниот систем. Овозможува одлична детоксикација и подобрување на регенеративните процеси. Оксигенацијата (кислород под висок притисок) во OXY SPA ги храни кожните клетки со кислород, стимулира клеточното дишење и прави регенерација на ткивата на клеточно ниво. Доколку ја комбинирате со боди врап, целулитот и масните наслаги ќе се намалат 3 пати побрзо од што би се намалиле со обичниот врапинг.
Придобивки: за прекумерна тежина, третман за целулит, за слаб тонус на градите, за подобрување на тонусот на кожата, за кожни болести, лекување на псоријаза, за прочистување и детоксикација, емоционален стрес, забрзана рехабилитација од спортски повреди, нарушувања на спиењето, нервоза, хроничен замор, висок крвен притисок, главоболка, за зголемување на имунитетот, целосно подмладување на телото итн.
DermaLife Спа Џет ги комбинира природните елементи од аромотерапијата, хромотерапијата, хидротерапијата, топлинската терапија, масажната терапија и локалната терапија за хербална и нутритивна рамнотежа. Синергијата на неинвазивната, природна терапија и методите кои се користат во Dermalife системот брзо ја враќаат виталноста на телото и умот и ви го отвораат патот кон нов, позитивен и здрав начин на живот.
Придобивки: пареата длабоко ја хидрира кожата, ја олеснува детоксикација и апсорпцијата на производи. Инфрацрвените зраци ја подобруваат крвната и лимфната циркулација, го забрзуваат метаболизмот, ги олеснуваат третманите за намалување на целулитот, ги смируваат болките во мускулите, и ја олеснуваат детоксикација.
Сите понекогаш имаме болки во грбот. Оваа масажа може да ви помогне да се ослободите од мускулните грчеви, па дури и да ја зголемите мобилноста на сакроилијачниот зглоб, масирајќи ги глутеалните мускули и намалувајќи ја напнатоста во ткивата.
Масажата на нозете е доста лековита. Голем број нервни завршетоци се наоѓаат во стапалата, а нивните спротивните краеви одат до различни делови на телото. Според тоа, нозете претставуваат мапа на целото тело. Кога ги масирате стапалата, ги стимулирате и другите делови од телото.
Рефлексологијата функционира на сличен принцип како и акупунктурата и ги нуди истите придобивки. Наместо игли, користи притисок за да делува на одредени точки на стопалата, рацете и ушите, и со тоа помага да се ослободите од болката. Веднаш чуствувате како ви се намалува стресот и ви се зголемува циркулацијата, а телото ви се враќа во состојба на хомеостаза.
(пилинг, омекнување во вода, средување и полирање, крема и лакирање)
(пилинг, омекнување во вода, средување и полирање, масажа, маска или парафин, крема и лакирање)
(краток маникир со гел колор)
(пилинг, омекнување во вода, средување и полирање, крема и лакирање)
(омекнување во вода и парафин)
(пилинг, омекнување во вода, средување и полирање,масажа,маска или парафин, крема и лакирање)
(средување и гел колор на ноктите на нозете)
(пилинг, омекнување во вода, средување и полирање, крема и гел лак-колор)
(омекнување во вода, средување и полирање, 30 мин. масажа)