Сите третмани
Погледнете ги нашите третмани
- Сите
- ДЕПИЛАЦИЈА
- ЕПИДЕРМАЛНИ ХЕМИСКИ ПИЛИНЗИ
- СПА МАНИКИР И ПЕДИКИР
- СПА ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО
- ФОЛ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ (БАБОР)
Пилинг со транексаминска киселина и AHA комплекс за намалување на пигментации и изедначување на тениот. Ја осветлува кожата, го намалува појавувањето на дамки и обезбедува здрав сјај.
Препорачано за: хиперпигментирана кожа и нерамен тен.
Комбиниран AHA пилинг со иновативен Versicolor неутрализатор кој овозможува визуелна контрола и обезбедува смирувачки и навлажнувачки ефект. Делува површно и безбедно врз епидермисот.
Препорачано за: кожа со нерамномерен тен, мрсна и акнестична кожа, иритации, последици од фото стареење.
AHA пилинг со Versicolor неутрализатор што овозможува прецизна контрола и истовремено хидрира и смирува. Враќа свежина и тонус на кожата.
Препорачано за: кожа со рано и хронично стареење, кожа на пушачи, уморна, сива и сува кожа.
Нежен самонеутрализирачки пилинг со контролирано и прогресивно ослободување за длабока регенерација на епидермисот и базалниот слој. Обезбедува видливо подобрување на текстурата и сјајот со висока безбедност.
Препорачано за: кожа со рано фото стареење, сува кожа, површинска хиперпигментација, тинејџерска проблематична кожа.
Интензивно липидно обновување со масла, микро-нутриенти и протеини кои ја враќаат хидролипидната рамнотежа.
Препорачано за: уморна и кожа без сјај.
Енергизирачки третман збогатен со пигменти за сјај кој ја рефлектираат светлината и внимателно одбрани состојки кои видливо го измазнува тенот и промовира рамномерен и природно сјаен изглед.
Препорачано за: кожа со слаб тонус и без сјај.
Balance Control – балансирачки третман кој ја регулира лојната секреција и го намалува сјајот.
Препорачано за: комбинирана и мрсна кожа.
м. мајстор
(велнес + третирање на проблеми со кожата и ноктите како габични инфекции, жуљеви, враснати нокти, итн.)
Наливни – (маникир со налевање тврд гел)
п. професионалец
м. мајстор
( вадење гел, маникир и дополна гел)
п. професионалец
м. мајстор
(маникир со тврд гел )
п. професионалец
м. мајстор
Oсновен третман со чистење, пилинг и масажа кој ја стимулира микроциркулацијата и регенерацијата.
Препорачано за: секој тип кожа за освежување и превенција.
п.про
м.мајстор
Третман за интензивно зголемување на хидратацијата, каде што фините брчки предизвикани од дехидратација изгледаат омекнати, оставајќи ја кожата да изгледа помазна и освежена.
Препорачано за: дехидрирана и сува кожа со изгубена еластичност.
м. мајстор
Kонцентрат со витамини и антиоксиданси за ревитализација и подобрување на тонусот.
Препорачано за: кожа со сивкаст тен и први знаци на стареење.
м.мајстор
Длабинско чистење кој содржи активни состојки кои апсорбираат вишок себум, го поттикнуваат прочистувањето на кожата и на тој начин помагаат во спречувањето на нови флеки.
Препорачано за: масна кожа со проширени пори и склона кон акни.
м. мајстор
Хидро-активен третман со пробиотици и хиајлурон кој ја обновува епидермалната бариера и враќа здрав сјај.
Препорачано за: млада кожа (до 35 год.) со знаци на дехидратација и замор.
Смирувачка терапија за намалување на црвенило и иритација. Го подобрува изгледот и создаваат чувство на удобност, оставајќи ја кожата да изгледа и да се чувствува поизбалансирана.
Препорачано за: чувствителна и реактивна кожа.
м. мајстор
Tретман за зголемување на отпорноста на кожата и стрес од околината давајќи рамнотежа и виталност. Богата со пребиотици, пробиотици и антиоксиданси.
Препорачано за: урбана кожа со предвремени знаци на стареење.
м. мајстор
Лифтинг ефект преку високоактивни комплекси кои ја затегнуваат контурата и го измазнуваат изгледот на зрелата кожа.
Препорачано за: зрела кожа со видливо опуштени линии.
м. мајстор
Ревитализирачки третман за првите мимички брчки. Активните состојки од морски алги ѝ даваат на кожата длабока хидратација, ја зајакнуваат и ја штитат од стрес и надворешни влијанија. Кожата станува мазна, свежа и блескава.
Препорачано за: кожа со изразени линии и мимични брчки.
м. мајстор
Третман за ремоделирање на кожната структура со три-димензионално зајакнување на дермалната матрица.
Препорачано за: опуштена кожа со намален тонус.
м. мајстор
Активна стимулација која се бори против губењето на тонусот и еластичноста на кожата. Се поддржува колагенската мрежа за да се обезбеди поголема еластичност и помлада кожа.
Препорачано за: кожа со намалена еластичност и опаднат тонус.
м. мајстор
Е неинвазивен третман за длабинско чистење и обновување на кожата, при кој со дијамантски глави нежно се отстрануваат мртвите клетки од површината. Го поттикнува создавањето на нови клетки и колаген, оставајќи ја кожата мазна и свежа.
Препорачано за: кожа со нерамна текстура, проширени пори, фини линии, лузни од акни или сив и уморен тен.
м. мајстор
Го регенерира и освежува пределот околу очите, штити од дигитално стареење и ја прави кожата мазна, сјајна и витална.
Третман за подмладување, измазнување и затегнување на вратот и деколтето. Oвозможува одлични резултати, ги редуцира старосните линии, ја омекнува текстурата на кожата и ви го враќа свежиот и блескав изглед.
Уникатна, природна терапија која му дава на лицето сјај и му го враќа природниот тон. Масажата на лице ги намалува нечистотиите и токсините во кожата, ја зголемува циркулацијата и помага да се опуштите.
Ова е интензивна длабоко-мускулна терапија насочена кон третирање и ослободување на мускулните тригер точки и намалување на хроничните болки. Прецизните движења овозможуваат подобрување на еластичноста и флексибилноста, но и нормализирање на мускулниот тонус.
👉 Фокус: грб, врат, рамена.
👉 Препорачливо за: лица со хронична мускулна напнатост, мигрени, ограничена подвижност.
👉 Користени техники и инструменти: Trigger Point Therapy, длабоко мускулна масажа.
м. мајстор п. про
ANESI Lipoaminocel + ANESI Aminofirm + активен серум на Anesi
Минимално инвазивната техника со игли помага при таргетирано ослободување на хиперактивни мускулни влакна и фасцијални рестрикции. Кога е комбинирана со миофасцијална масажа и алатки тогаш ја подобрува целокупна функционалност на телото.
👉 Фокус: мускулни групи со хронични контракции (врат, лумбален дел,
екстремитети).
👉 Препорачливо за: спортисти, лица со хронични грчеви и ограничено движење.
👉 Користени техники и инструменти: Dry Needling игли, Myofascial Release терапија.
м. мајстор п. про
Инструменталната мобилизација на меките ткива се врши со специјализирани челични алатки. Ова е ефикасен микс на терапевтски техники кој помагаат при намалување на воспалението на мускулите но и третман на фасцијални адхезии.
👉 Фокус: тениски/голферски лакт, колена, ахилова тетива, раменици.
👉 Препорачливо за: лица со спортски повреди, хронични воспалителни процеси и ограничена мобилност.
👉 Користени техники и инструменти: IASTM инструменти, терапевтска масажа.
м. мајстор п. про
Длабинска термичка стимулација со загреани базалтни камења кои ја релаксираат мускулатурата и ја подобруваат циркулацијата. Еден од најстарите ритуали за релаксација преку масажа.
👉 Фокус: грб, рамена, лумбален дел.
👉 Препорачливо за: лица со хроничен стрес и мускулна ригидност.
👉 Користени техники и инструменти: загреани вулкански камења, мануелни техники.
м. мајстор п. про
Наменето за / придобивки: Aко се земат предвид промените низ кои поминува телото во текот на бременоста. Овие промени придонесуваат до пореметување на гравитациониот центар на телото, што доведува до дополителен стрес и болки во грбот, вратот, стомачните мускули и рамењата, а го менува и држење на телото и ја бутка карлицата нанапред. Масажата за трудници е посебен третман прилагоден на потребите на секоја трудница при што доаѓа до целосно опуштање и релаксација.
Пилинг + туширање
Сите понекогаш имаме болки во грбот. Оваа масажа може да ви помогне да се ослободите од мускулните грчеви, па дури и да ја зголемите мобилноста на сакроилијачниот зглоб, масирајќи ги глутеалните мускули и намалувајќи ја напнатоста во ткивата.
Рефлексологијата функционира на сличен принцип како и акупунктурата и ги нуди истите придобивки. Наместо игли, користи притисок за да делува на одредени точки на стопалата, рацете и ушите, и со тоа помага да се ослободите од болката. Веднаш чуствувате како ви се намалува стресот и ви се зголемува циркулацијата, а телото ви се враќа во состојба на хомеостаза.
(средување и гел колор на ноктите на нозете)