floweroflifebeauty@outlook.com      +389 70 352-421 and +389 2 5117-550

За нас

Ние се трудиме да им овозможиме најдобра услуга и грижа на нашите клиенти

КОИ СМЕ НИЕ?

Целта во нашиот салон е да ја надминеме конвенционалноста, да постигнеме и оствариме нови параметри за тоа што претставува салон за здравје и убавина во вистинска смисла на зборот. Ние сакаме клиентите да го најдат значењето на "Цвет на животот" и да ја почуствуваат бескрајната позитивна енергија, додека сетилата доживуваат нирвана од задоволство.


ШТО ПРАВИМЕ?

Ние веруваме дека убавината, уживањето, релаксацијата и исцелувањето се наменети за секој клиент, без разлика на полот, возраста, форма или големина. Меѓу овие страници ќе се види дека постои широк спектар на третмани наменет за секого, а ќе одвоиме неколку: релаксирачки и терапевтска масажа, третмани на лице во зависност од типот на кожата, OPI маникир и педикир, OPI гел колор, депилација, парцијални третмани и многу повеќе. Целосниот каталог е во следниот дел.

Прекрасни вработени и раководители

Никола Џолев е сертифициран професионален спа терапевт, со огромно искуство во делот на СПА и салони за убавина и здравје. Започна како масер, но поради неговите извонредни способности, успеа да се развие како исклучително добар СПА терапевт, менаџер и рецепционер. Почетоците му беа во 2008 година па се до сега успеа да достигне највисоко ниво во својата работа. Исто така, се здоби со популарност како еден од најдобрите терапевти во Скопје, Македонија.


Ивана Џолева е сертифициран професионален козметички терапевт. Имаме само еден збор за неа 'најдобра во нејзината работа'. Таа има одлична способност за работа под притисок и е секогаш сконцентрирана до крајот на денот. Најважно за неа, со нејзината неверојатна вештост во работата и комуникативна енергија апсолутно се провлекува под кожата на клиентите. Таа е терапевт долг период, во кој се надгради и достигна сосема ново ниво во работењето.


Нашиот тим

Џолева Ивана

Козметички Терапевт

Џолев Никола

Спа Терапевт

Савич Ана

Козметички Терапевт

Our Аssociates


O.P.I
ANESI
AFRODITA
BABOR
  За Нас

Нашиот салон располага со целосен репертоар на третмани кои во целост ќе се погрижат да го задоволат уникатениот и индивидуален карактер на секој клиент. Влезете во чудесниот свет на беспрекорната убавина, релаксација и подмладувачка свежина.

   Контакт
  Flower of Life

Ул. Никола Тримпаре 31/1, Скопје,Македонија

Работно Време: 10:00 - 22:00